Боки: Солзи ми навираа во очите кога слушнав со која цел дедото ги продава цвеќињата

655

Боки Богојевски преку социјалните мрежи, поточно преку неговиот профил на Фејсбук сподели статус со фотографија кој за краток период предизвика големо внимание.

Момчето покрај објавата од слика на дедо со цвеќиња во рака, во продолжение го напиша следново:

Шетам низ Аеродром и дедово седи на клупа, збори нешто.. Луѓе поминуваат и никој не застанува. Го слушнав вика: Синко продавам цвеќиња , парите се за болно дете од ра к и немал доволно средства за терапија.

Застанав.. молк, тишина! Се наежив и го прашав да ми ја каже цела приказна. Живее сам со болното внуче кое има 7 години, нема средства од никаде.. бере цветови прво да даде за терапијата за внучето па ако има за леб арно..

Солзи ми навираа во очите, го купив цел букет и заедно се помоливме за здравјето на внучето. Ова не го пишувам за да се пофалам туку се надевам дека барем малце ќе ја поткренам свеста кај луѓето, прво да сослушаат некого па после ако можат да помогнат!

п.с Дедово го прашав кај седи најчесто, ми одговори: Спроти Три Бисери, тука може да да се најде и да помогнеме!
БИДИ ЧОВЕК ПРЕД СЕ

Објавата на Боки веднаш предизвика големи реакции на социјалните мрежи и многумина веќе го споделуваат овој пост и оставаат коментари за поддршка.

Искрено се надеваме дека на дедото ќе помогнат и надлежните за да може да му се помогне на своето мало внуче.