Веќе го претставивме Артур Бетербиев и неговиот уникатен пат до височините.
Синоќа во легендарниот “Медисон Сквер Гарден”, ѕверот од Дагестан повторно ја покажа својата моќ. Светскиот шампион во полутешка категорија го нокаутира Џо Смит Јуниор, додавајќи ја титулата во ВБО категорија. Бетербиев веќе ги поседува појасите од ВБЦ и ИБФ.
На нешто помалу од минута до крајот на втората рунда, Смит веќе трет пат беше на подот и неизбежно борбата беше прекината. Публиката во Њу Јорк беше воодушевена. Ова е 18 победа на Бетербиев, сите со нок-аут завршница.
Веќе во Октомври годинава се очекува новиот противник на 37-годишниот чеченец кој веќе подолго време живее во Канада. Од спротивната страна како негов противник би се појавил Димитри Бивол или Ентоји Јард.
Димитар Младеновски