Владимир Кличко најавува кам-бек во рингот.
Украинската легенда е решен повторно да боксува. Главната цел му е да го урне рекордот на Џорџ Формeн како највозрасен активен боксер што се борел за титулата. Формен на возраст од 45 години 9 месеци и 25 дена го победи Мајкл Мурер и стана светски првак во ИБФ и ВБФ дивизијата.
Кличко кој е поранешен светски првак во тешка категорија, веќе има 46 години. Официјално се прости од боксот во 2017 година со биланс 64 победи и 5 порази.
Во залезот на кариерата имаше два незгодни порази од Ентони Џошуа и од Тајсон Фјури кој го убедија дека е време за повлекување. Тој е еден е од ретките кој повеќе од една деценија го држел приматот на светски шампион.
Димитар Младеновски