Артур Асилбегович Бетербиев, 3 кратен носител на златен медал и перфектен скор во 19 професионални борби (20 победи, сите со нок-аут завршница).
Агресивниот Чеченец во неговата досегашна спортска одисеја, покажа една многу важна компонента во својот “фајтерски” арсенал. Страотно моќни удари, неисцрпна енергија и издржливост.
Родум од централен Дагестан, уште на 11 годишна возраст влегува во рингот како еден од најголемите таленти кој ги дала поранешната Руска република. По трагичната смрт на неговиот татко, заедно со својот брат (кој подоцна станува негов тренер) успева да се пробие до врвот преку напорна работа и “предаторски менталитет”. Следува профил на шампионот во “лесно-тешка” категорија и носител на IBF и WBC појасот. “Ѕверот од планините” и гордоста на Дагестан. Артур Бетербиев!
Димитар Младеновски