Дуелот помеѓу Deontay Wilder и Tyson Fury можеме да го објасниме со еден збор, историски. Првата нивна меѓусебна борба заврши без победник, што само уште повеќе ја загреа атмосферата за нивната следна средба. На 22 Февруари годинава (во Лас Вегас – Невада), ке бидеме сведоци на реваншот помеѓу овие двајца џиновски гладијатори. Двајца непоразени воини во врвна форма и со неизмерна желба за докажување. Во исчекување на една од најголемите борби во историјата, во прилог ви презентираме видео во кое ви ја претставуваме историјата на овој епски дуел. Уживајте.
Димитар Младеновски