Вториот дуел помеѓу Мигуел Кото и Антонио Маргарито, претставува еден од највозбудливите боксерски мечеви во досегашната историја.
Ова претставуваше борба за ВБА титулата во полутешка категорија.
Се одржа во легендарниот Медисон Сквер Гарден, во Њу Јорк на 3-ти Декември 2011 година.
Долгоочекуваниот реванш конечно се случи, по нивната прва борба во 2008 година која беше повеќе од контроверзна. Во првиот двобој победи Маргарито но многумина сметаа дека имал огромна предност со нелегалните ракавици кој ги поседувал, и за кој подоцна беше суспендиран.
Наводите за измами од претходните дуели на Мексиканецот само уште повеќе ја разгореa атмосферата. Откако помина сослушувањето на Менхетен, Маргарито ја доби потребната дозвола и со новоиздадена лиценца доби можност да стапне во рингот во “големото јаболко”.
Во текот на презентацијата на двобојот, Кото објави слики од рачните обвивки на Маргарито по нивната прва борба. Порториканецот тврдеше дека во ракавиците на Маргрито имало нелегална супстанца која со тек на време ја зацврстува обвивката. Со таква предност, Маргарито во борбата имал силина на своите удари како чекан против своите ривали.
Иако популарниот “Тони” ги негираше овие обвинувања, не смее да се занемари податокот дека токму поради оваа причина мораше да паузира 15 месеци по суспензијата која ја доби во 2009-та година.
Неговиот поранешен тренер Капатило, се колнеше дека ракавиците немале никакво значење во борбите на својот пулен. Според Маргарито, неговиот ривал бара само изговори и се обидува да се оправда за претходниот пораз.
На 3-ти декември 2011 година, сите 18.000 карти беа продадени. “Градината” беше исполнета до последно место.
Атмосфера жестока до точка на вриење.
Шоуто може да започне.
Кото ја контролираше борбата од самиот почеток. Ги поврзуваше ударите и беше исклучително ефикасен. Маргарито не знаеше што му се случува. По претрпениот брз лев дирек, во четвртата рунда, окото на “мексиканскиот ѕвер” почна да отекува.
Во петата и шестата рунда, Маргарито се обиде со неколку аперкати да се врати во борбата. Тоа не беше ни приближно доволно за да се запре бестрашниот Кото.
Пред почетокот на 10-тата рунда, лекарите ја прекинаа борбата бидејќи констатираа влошена состојба на окото на Маргарито. Апсолутно заслужено ја доделија победата на гордоста на Порто Рико.
Мигуел Кото ја приреди најслатката одмазда која сме имале можност да ја видиме. Големиот борец имаше фантастична кариера и сосема заслужено денес е член на еминентната “хала на славните”, една од најголемите почести кој еден боксер може да ги доживее.
Уживајте во ова видео.
Димитар Младеновски