Бокс корнер со Димитар Младеновски-Војна во “градот на ангелите” (ВИДЕО)

2054

На 21 Јуни 2003 година, се случи “битката на титаните”.

Така беше претставена борбата помеѓу Ленокс Луис и Виталиј Кличко. Воедно, овој судир претставуваше првиот шампионски дуел во (тогаш новоизградениот) “Стејплс центар”, во Лос Анџелес.

Во 2002 година се случи долгоочекуваниот дуел помеѓу Ленокс Луис и Мајк Тајсон. По победата над “челичниот”, Луис паузираше цела година. Титулата од IBF ја превзема Крис Брд. По одбивањето на Мајк Тајсон за можен реванш со британскиот боксер, тимот на Луис прифати борба против Кирк Џонсон.
На две недели пред дуелот, Џонсон се повлече од борбата поради повреда на градниот кош. Луис (веднаш) се согласи на дуел со постариот од браќата Кличко, по неговата победа над Лери Доналд.

Иако украинскиот колос, влезе во борбата како аутсајдер, мечот го започна агресивно во првите две рунди. Пред почетокот на третата рунда, Луис веќе имаше расекотина под левото око. Борбата продолжи. Кличко зададе два силни директа со десната рака кој го разбудија “ранетиот лав”.

Луис ја превзема улогата на агресор и по силниот наплив од удари успеа да го “расече” украинскиот џин над левото око.
Четвртата рунда беше видливо дека двајцата земаат здив. Во петата рунда, Луис задава три последователни удари во ребрата на противникот. Пред почетокот на шестата рунда, состојбата со повредата на расеченото око на украинецот, забележително се влоши.
Аголната камера успеа да ја долови отворената рана но, сепак му беше дозволено да продолжи да се бори.

Луис ја искористи слабата визија на Кличко и зададе монструозен аперкaт. Иако двајцата борци изгледаа исцрпено, беше видливо дека британецот делува поагресивно. Кличко покажа голема храброст и се претстави како повеќе од достоен противник.Помеѓу шестата и седмата рунда, од страна на докторскиот тим беше утврдено дека оштетувањето на окото на Кличко е премногу сериозно. Борбата беше прекината. Ленокс Луис беше прогласен за победник со технички нокаут. Навивачите во “Стејплс центар” го исвиркуваа шампионот и го бодреа Кличко, видливо незадоволни од прекинот на борбата.Поради контроверзната завршница, имаше огромен интерес за реванш меѓу двајцата боксери. Луис најпрво изјави дека од негова страна има интерес за нов дуел.
Повредата на окото на Виталиј Кличко беше целосно санирана до степен што беше одобрено да се соочи со Луис повторно.
Беше договорен и датум за втората борба, 6-ти Декември 2003.
Следуваше нов пресврт.

Во Август, Луис се премисли за реваншот изјавувајќи дека ќе паузира најрано до втората половина на 2004-та.
Следуваше дуел помеѓу Кличко и Кирк Џонсон кој Украинецот го доби. Откако се очекуваше конечно да дојде до долго посакуваниот реванш, Луис приреди уште едно изненадување. На 7-ми Февруари 2004-та година, Ленокс Луис го најави своето пензионирање ослободувајќи ги своите титули во процесот.Виталиј Кличко се сретна актуелниот WBC шампион, Кори Сендерс, човекот кој една година претходно го победи неговиот помлад брат Владимир. Виталиј се одмазди во чест на својот брат, нокаутирајќи го во осмата рунда.Уживајте во првата шампиоснка битка во “градот на ангелите”.

Димитар Младеновски