Даниел Дубоа рано утрово ја одбрани титулата во IBF категоријата и испрати силна порака.
Пред неверојатни 96.000 луѓе на преполниот “Вебли” стадион, популарниот “Динамит” го нокаутираше Ентони Џошуа во петата рунда. Уште од самиот почеток на борбата помеѓу двата англиски боксери, беше видливо дека (поранешниот шампион) Џошуа е во подредена улога. Дубуа беше поагресивен и далеку поконкретен од самиот старт. Тоа донесе можност за она што следуваше, девастирачка нокаут завршница и крај на борбата.
По (за многумина) изненадувачкиот пораз од Енди Руиз во 2019 година, Џошуа успеа да возврати и повторно да стане шампион се до двата дуела со Александар Усик каде во два наврати од рингот излезе со наведната глава. Следуваа силни четири борби и исто толку победи пред рано утрово повторно да претрпи пораз, кој е четврти во неговата кариера (има и 28 победи).
За Даниел Дубоа ова претставува само уште еден пример дека никогаш не треба на него да се гледа како на “аутсајдер”. 27-годишниот боксер во досегашната кариера има 22 победи и 2 пораза а напредокот кој го покажува во последните три борби е повеќе од очигледен.
Димитар Младеновски