Синоќа бевме сведоци на исклучително интересна борба во која силите ги одмерија досегашниот шампион Ентони Џошуа и непоразениот украински предизвикувач Олександар Усик.
Судирот се случи на стадионот на Тотенхем, во Лондон каде Џошуа важеше за апсолутен фаворит. Усик покажа инзвонредна цврстина и прецизност во ударите, остварувајќи големо изненадување одземајќи ги појасите од Британецот. Во текот на целата борба, Џошуа не успеа да ја презентира неговата препознатлива сила.
Како што одминуваа рундите, така предноста на уксраинскиот боксер се зголемуваше. На крајот од 12-те рунди судиите едногласно прогласија триумф на новиот шампион. Ова претставува сериозен удар за Ентони Џошуа поради плановите за мега-борба со својот сонародник, Тајсон Фјури вредна 200 милиони фунти. Од друга страна, 34 годишниот Усик стана третиот украинец по браќата Кличко кој ги освојува шампионските појаси.
Димитар Младеновски