„Кој го уби Диего Марадона? Е насловот на документарецот што Дискавери плус го сними за аргентинскиот фудбалски великан, а се состои од трагите кои водеа до осамениот живот на Диего, посебно во периодот кон неговиот крај и трагичната смрт две недели после операцијата на главата во минатиот месец.
„Шмркаше кокаин како да пие „Куба либре“ (познат коктен – н.з.), гостуваше на мафијашки забави во Неапол…Смртта беше неизбежна, зашто животот од поодамна му беше на работ… Ова се описите за документарецот кој треба да одговори на сите прашања до трагичната смрт после бурниот живот кој го имаше Аргентинецот.
„Кокаинот почна да го зема во Барселона, зашто мислеше дека е исто како да пие ‘куба либре’. Со еден ‘клик’ на телефонот можеше да добие што сака. Во Неапол беше чест гостин на мафијашките забави, таму стана легенда на ноќниот живот, а користењето на дрога се претвори во злоставување. И сакаше така да живее, сакаше да остане на забавите до крајот, а тие траеа долго“, вели Џими Барнс, кој ја пишуваше биографијата на Марадона – „Божјата рака“
После смртта на Марадона веќе се води голема истрага за лошо лекување, негрижа, а иако се шпекулираше, токсиколошкиот извештај не најде траги на алкохол или дрога во организмот, но откри многу лекарства, т.е. коктел од кветијакпин, веналафаксин и леветирацет.
„Се сеќавам дека еднаш ми рече: ‘не можеш да замислиш колку сакам да се тргнам (од кокаинот – н.з.) Фер, ама – не можам! Дури и му реков: ‘човече, ти се ближи крајот’, ама не мислев дека така брзо ќе дојде. Да се родеше Диего во некое друго време, кон него ќе се однесувавме поинаку, а така ќе живееше подолго, а и ќе играше многу повеќе“, вели Фернандо Сињорини, кој со години беше негов личен тренер.