Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје.
Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е до добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска на Фејсбук.