Бомба експлодираше во „Мавровка“, оштетени локали

2416

Силна експлозија одекна доцна синоќа во трговскиот центар Мавровка во Скопје, пренесува Алсат.

Повредени нема, но причинета е материјална штета кај неколку локали. Како што дознава Алсат, во трговскиот биле поставени две експлозивни направи, но само едната се активирала.

По интервенција на полицијата другиот експлозивен уред бил деактивиран.

Првичните инвормации откриваат дека мотивот за нападот е поврзан со минатото на сопственикот на кафе “Фонтана”.

Полицијата работи на собирање оперативни информации и расчистување на случајот.