Бомбата пред детонација: Ибра се договори со Милан!

836

Еден од најдобрите фудбалери во светот Златан Ибрахимовиќ многу веројатно ќе се врати во Милан, седум години откако го напушти клубот и се пресели во ПСЖ.

Последен пат тој го носеше дресот на „росонерите“ во 2012 година кога Милан не успеа да ја одбрани титулата, а тогаш почна седумгодишната доминација на Јувентус во италијанското првенство. Во меѓувреме Ибра играше и за Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси, но и на 37 години не планира да се пензионира.

Според италијанските медиуми, тој ќе потпише шестмесечен договор со Милан за плата од три милиони евра, а калчолигашот нема обврска да му плаќа ништо на Галакси.