Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, обвинета во „Друмарина“, на својот фејсбук профил напиша дека во периодот од 2011 до 2015 доживеала девет сообраќајни незгоди и дека тоа на судското рочиште го искористила како покритие, дека интензивно патувала додека била народен избраник во Собранието.
„Денес се изведуваат доказите на обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување,
поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по 9те сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015.
Апсудрно е СЈО да ме обвинува дека воопшто не сум патувала, а во исто време да поднесува докази со кои потврдува дека континуирано сум патувала, дека речосо секој месец возилото било сервисирано заради помината километража и поправано заради големиот број на сообраќајни незгоди. – пишува во меѓудругото Бонева.
Со тоа и после денешното рочиште се потврди неоснованоста на обвинението на СЈО дека од 2011 до 2015 год сум била сместена во Скопје, дека не сум патувала и дека сум ги измамила службите на Собранието дека сум патувала!“, го завршува својот статус екс-пратеничката Силвана Бонева на фејсбук.