„Бори се народе“: Популарниот американски рапер објави фотографија од народната хероина на Југославија, па покрена лавина коментари

525

Американскиот рапер Ајс Кјуб на социјалната мрежа Твитер споделил фотографија од народната хероина на Југославија, Лепа Радиќ, учесничка во Народноослободителната борба, која што Германците во 1942-та година ја убиле.

Станува збор за популарната фотографија која што била направена во моментот пред да ѝ стават јаже околу вратот, а како што се наведува во историските записи, таа имала само 17 години и тогаш извикала:

„Да живее Комунистичката партија и партизаните. Бори се народе, не предавај им се на злобните. Мене нека ме убијат, има кој да ме одмазди“.

Под фотографијата која што ја објавил славниот рапер, може да се прочитаат голем број коментари во кои што дури се цитираат нејзините зборови, а меѓу коментарите се:

„Југославија! Таа е херој“, „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, „Кралица“…

Инаку, Ајс Кјуб активно на социјалните мрежи објавува твитови за немирите и протестите во САД, предизвикани поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, па се претпоставува дека и оваа фотографија од Лепа Радиќ, која што се борела за слобода, ја објавил во тој контекст.

Ајс Кјуб е еден од најголемите хип-хоп активисти и борци за граѓанските права.