Борисов го провозе со џип Ципрас: Качи се да те вози Б’лгарин

1675

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов се обиде и во улогата да му биде личен шофер на својот грчки колега Алексис Ципрас.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов откако го пречека својот грчки колега Алексис Ципрас, го провозе со џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.