Македонија утре во рамки на 4. коло од СП во Германија и Данска ќе ги одмери силите против Шпанија меч што се игра со почеток од 20:30 часот во „Олимпија Хале“.
Нашиот стартен голман, Борко Ристовски е свесен за тежината на противникот, но вели дека нема да се предадеме.
„Одигравме квалитетен меч против Хрватска, но тоа резултатот не го кажува. Против Шпанија да пробаме барем да видиме како ќе одат работите, ако не да ги зачуваме силите за Исланд кој ќе биде одлучувачки меч за нас. Да не заборавиме, Шпанија е европски шампион и сигурно шансите за победа се многу помали во однос на Исланд. Нашата шанса за изненадување против Шпанија е можеби во тоа што ќе не потценат. Меѓутоа имаат доста квалитет кој ќе дојде до израз во еден дел од мечот, но ние нема да се предаме. Ако бидеме рационални, паметни и тактички малку би требало да пробаме да играме, ако видиме дека не бива, да ги зачуваме силите за последниот меч“изјави Борко.