На кој ви личи овој човек на фотографијата? Нормално, на Златан Ибрахимовиќ.
Меѓутоа, доколку погледнете подобро, ќе сфатите дека тоа не е славниот шведски фудбалер туку станува збор за Нихад Џедовиќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина вели дека луѓето во него гледаат нешто што ги потсетува на Ибрахимовиќ.
“Секој ден некој ме тагнува на Инстаграм или Твитер, секој ден. Ова лето бев во Париз и секоја втора личност бараше да се фотографира со мене. Неверојатно”, изјавил “лажниот” Златан.
Евролигата, на својот Твитер профил објавила разговор со Џедовиќ на оваа тема, кој изгледа навистина симпатично кога го објаснува “проблемот” со кој се соочува.
I am NOT @Ibra_official…
I am @NihadDjedovic pic.twitter.com/fI0T1RRDOx
— EuroLeague (@EuroLeague) November 27, 2018
А сличноста е навистина неверојатна.