„Божиќно чудо“ во Лас Вегас: Со влог од 40 долари освоил 15 милиони

559

Американец во казино во Лас Вегас на Бадник освои џекпот од дури 15,5 милиони долари, што многумина го нарекоа празнично чудо.

Хотелот и казиното „Санкоуст“ објави дека нивниот клиент Кевин ја добил вртоглавата премија на еден од нивните автомати.

Честитки за Кевин кој освои 15.491.103 долари – објавија од казиното  на Твитер.

Кевин го освоил џекпотот од слот машината во која вложил само 40 долари.

Како што обајавија од казиното, ова е најголемиот џекпот во Невада во последните осум години.

По добивката, Кевин изјавил дека ќе ги инвестира парите во неговиот приватен бизнис.