Брачен пар се заљубил во иста жена: „Имаше многу прилагодувања, компромиси и откривања..“

959

Австралијката Роузи Хајли (24) пред една година му признала на сопругот дека е бисексуалка и дека би сакала да биде блиска со друга жена.

Два месеци подоцна, таа и сопругот Тај (23) се запознале со Кенешија Пети (23) на Тиндер и двајцата на прв поглед се заљубиле во неа.

Неверојатно, но и таа се заљубила во двајцата. После неколку месеци одлучиле да живеат заедно.

Роузи дури ја запросила Кенешија додека нејзиниот сопруг војник бил на Блискиот исток. Тој запросувањето го следел во живо преку Скајп. Кога си дошол дома и тој ја запросил.

Сите заедно ќе се венчаат наредната година, но не објасниле како планираат да го изведат тоа во иднина со оглед дека таква заедница не е легална.

Како што тврдат, сите многу се сакаат. Велат дека нималку не се чудни. Имаат своја слободна волја, свој идентитет и своја љубов, кои се еднакво убави како љубовта помеѓу двајца партнери, пренесува The Sun.