Откако во 2017 година се разделија по 17 години брак, Бен Стилер и Кристин Тејлор сега се повторно заедно.
Парот го припишува смирувањето на пандемијата. Во неодамна објавеното интервју за „Esquire“, Бен Стилер изјавил дека на почетокот на пандемијата се договорил со Кристин Тејлор да се врати во нивната семејна куќа за да може да поминува повеќе време со децата.
„Потоа со текот на времето се случи. Бевме разделени, а сега сме повторно заедно и среќни сме поради тоа. Беше навистина прекрасно. Неочекувано, и една од работите која произлезе од пандемијата“, раскажал актерот.
Бен Стилер и Кристин Тејлор, која е најпозната по улогата во филмот „Brady Bunch Movie“, се запознале во 1999 година, а во 2000 стапија во брак. Стилер во 2013 година за списанието „Parade“ изјави дека почетокот на нивниот брак бил сличен на еден од неговите најпознати филмови.
„Беше како „Meet The Parents“ во реалниот живот бидејќи нејзиниот татко е застрашувачки маж кој поседува компанија за обезбедување. Сега сме добри пријатели, но во тоа време се наоѓав во подрумска соба за рекреација кога му кажав: ‘Навистина би сакал да се оженам со твојата ќерка’“, раскажал Бен.