Бразилскиот фудбалер ја породил својата сопруга на тераса: Безбедносните камери го снимиле неговиот херојски потег

554

Бразилскиот фудбалер Брајан Боргес ја породил својата сопруга откако контракциите неочекувано почнале пред нивниот стан во бразилскиот град Рецифе.

Иако планирале таа да се породи во болница, сепак било прекасно, па Боргес морал да ја одигра улогата на „бабица“ за да ѝ помогне на својата 26-годишна сопруга.

Целата ситуација ја забележале сигурносните камери.

По одењето во болница, докторите утврдиле дека мајката и бебето се во одлична здравствена состојба.

Инаку, Брајан споделил повеќе фотографии од неговата сопруга и бебето кои што станале планетарен хит.

„Ја легнав Милена на земја, таа почна да вика: „Доаѓа бебето“, а јас погледнувам и ја гледам неговата глава. Се роди тешко три килограми и долго 46 центиметри. Без никаква дилема, без сомнеж – ова е најсреќниот ден во мојот живот“ – изјавил гордиот татко и сопруг.