Холивудскиот актер привлекува огромно внимание кај припадничките на женскиот пол, но изгледа дека тие залудно се надеваат – Бред е среќно заљубен.
Кон крајот на ноември, светската јавноста беше изненадена од новата вест од животот на Бред Пит. Имено, актерот бил виден во друштво на актерката Алија Шокат, а извори блиски до парот потврдиле дека тие се заљубени.
Пит и Шокат никогаш не се огласија по повод ваквата информација, а папараците повеќе пати ги “фатија” заедно на изложби, театарски претстави, на прошетка…

Сепак, со месеци не се појавија фотографии ниту гласини за нив двајца, па затоа многумина помислија дека Бред и Алија раскинале. На нивна жалост, но за среќа на овој славен пар, се чини дека тие уживаат повеќе од некогаш. Пред неколку дена, американските папараци ги фотографирале Бред и неговата драга во еден ресторан за брза храна во Лос Анџелес.

Како што тврдат медиумите, парот претходно бил на концерт на “Thundercat”, а потоа насмеани нарачале оброк и заминале во непознат правец.

