Британија забрани емитување на кинеска телевизија

859

Британската медиумска агенција Офком денес објави дека ја повлекла лиценцата за емитување од кинеската глобална телевизиска мрежа (ЦГТН), откако истрагата заклучила дека лиценцата ја држела „Стар Кина медија лимитед“ спротивно на прописите.

Офком наведува дека Star China Media Limited немала уредничка одговорност за „излегувањето“ на каналот и затоа не го исполнува законскиот услов да има контрола над лиценцираната услуга, објави Си-Ен-Ен.

Стар дејствуваше како дистрибутер, а не како давател на вести, се додава во соопштението.

Агенцијата го отфрли и предлогот на CGTN за пренесување на лиценцата на новиот субјект откако утврди дека на крајот ќе биде контролирана од кинеската комунистичка партија и затоа ќе биде дисквалификувана според британскиот закон.

Каналот ќе биде отстранет веднаш во Британија.