Британските ученици користат сок од портокал за да го лажираат ковид-тестот

536

Ученици во Британија откриле дека со примена на сок од портокал на брз тест на Ковид-19 може да се добие лажен позитивен резултат.

Феноменот, кој го потврдија новинари од „Гардијан“, не значи дека во сокот има вирус.

Најверојатно киселоста на овој освежителен пијалак влијае на резултатот на тестот. Ефектот наводно е виден и со голем број други продукти и пијалаци, вклучувајќи кечап и „кока-кола“.

Ова, според некои наставници, учениците го користат како одлична можност да добијат две недели ослободување од училиште.

Џон Дикс, професор на Универзитетот во Бирмингем, ја критикува оваа нова практика.

„Лажно позитивниот тест влијае не само врз детето туку и врз неговото семејство и училишната средина и затоа е себично да се направи тоа. Постојат многу помалку штетни начини за да се отсуствува од училиште“, вели тој.

Трикот беше прикажан и на „Тик-ток“ со видеа на луѓе што испробуваат разни течности. Досега има повеќе од 6,5 милиони прегледи на видеа на платформата под назнаката #fakecovidtest („лажен ковид-тест“).