Министерството за здравство вчера информираше дека по направени 771 тестирања, биле регистрирани 161 новозаразени лица во Македонија, а уште 12 пациенти починале.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера пред новинарите предупреди дека ситуацијата е алармантна и дека ако не се почитуваат мерките, следен чекор е полициски час.
Тој кажа дека засега мини жаришта на вирусот во земјава се Скопје и Струмица.
Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава.
Најмногу активни случаи во скопските општини има во Аеродром (534) по што следуваат Карпош (446) и Центар (445).
Во Кисела Вода како активни се водат 320 случаи, Гази Баба (280), Ѓорче Петров (216), Чаир (115), Бутел (111). Другите скопски општини имаат помалку од 100 активни случаи.