Бруклин Бекам: Свадбата ја откажаа, па решија да позираат голи во када по повод годишнината!

706

Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, ја прослави годишнината од врската со неговата свршеница Никол Пелц, објавувајќи низа заеднички голи фотографии – од кои едната е направена во када.

Заедно со објавените фотографии, Бруклин исто така напиша дека едвај чека да остари покрај својата мила и да основаat семејство заедно.

Двајцата направија веридба во јули оваа година, а според странските медиуми, неговите родители Дејвид и Викторија решиле да ја одложат венчавката до 2022 година, поради пандемијата од коронавирусот.

Наводно се планирани две свадби за септември 2021 година, едната на Флорида, а другата на имотот на Бекамови во Англија, а бидејќи сè уште не се сигурни дали ќе мора да го намалат бројот на гости поради пандемијата, тие одлучија да го преместат настанот за во 2022 година.

Идните младенци се многу нетрпеливи, па можеби, според изворот, тие официјално ќе се венчаат без многу поскоро, а прославата ќе ја организираат подоцна. Се проценува дека нивната венчавка ќе чини околу 5 милиони долари.