Брза пита од јаболки – тестото не се меси, сите состојки ги имате дома и секогаш успева

675

Генијален колач кој со брзина на светлината ќе стане вашиот омилен десерт, а кој не бара никакво кулинарско искуство.

Состојки

– 2 чаши гриз
– 2 чаши брашно
– 1 чаша шеќер
– 1 прашак за пециво

Фил:

– 1,5кг. јаболка
– 1 ванилен шеќер
– 1 лажица цимет
– дополнително шеќер по вкус
– 150 грама маргарин

Подготовка:

Изрендајте ги јаболките и измешајте ги со циметот, па додадете го шеќерот. Ако имате многу слатки јаболки или сакате помалку слатки колачи, шеќерот може и да го избегнете во овој чекор.

Измешајте ги сувите состојки (гриз, брашно, шеќер и прашакот за пециво).

Премачкајте сад (25x35cm) со маргарин.

Една третина од сувите состојки истурете ги во садот, врз нив ставете ги изренданите јаболки. Истурете ја другата третина суви состојки и повторно ставете од изренданите јаболки. На крајот распоредете го остатокот од состојките.

Сето тоа прелијте го со сокот кој ви останал од јаболките и колачот покријте го со тенко исечен маргарин – во форма на листови.

Колачот печете го околу 35 минути на 180 степени.

Овој сладок десерт можете да го послужите топол, но и ладен. Во двата случаи е одличен.