Брзо разладување: Три напитоци кои “работат“ како клима уред

832

Топлотниот бран пристигна. За да ви помогнеме да се разладите ви ги претставуваме рецептите за три едноставни и вкусни напитоци.

1. Напиток од јогурт и вода

Дуетот вода и јогурт е познат под името lassi и е традиционален индиски напиток. Благодарение на пробиотичките бактерии го подобрува варењето, а со неколку сочни парчиња овошје ќе го освежи телото.

Состојки и подготовка:

– 2 децилитри јогурт;
– 2 децилитри вода;
– 1 лажица мед или сируп од јавор;
– 1/2 шолја исецкано манго;
– 1/2 шолја боровница или рибизла;
– 1/2 шолја малина.

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесате не стане кремаста. По подготовката напитокот ставете го во фрижидер.

2. Напиток со кефир и краставица

Лидерот против жештините меѓу зеленчукот е краставицата. Зелениот плод кој обилува со вода во комбинација со кефир уште повеќе ќе ве освежи.

Состојки и подготовка:

– 3 децилитри вода ;
– 2 децилитри кефир;
– 1 краставица;
– неколку ливчиња мента.

Измијте ја краставицата и пресечете ја на мали парчиња. Ставете ја во блендер па додадете вода, кефир и мента. Сè добро изблендирајте.

3. Напиток од ѓумбир

Можеби мислите дека пикантната арома на ѓумбирот не е посакувана за високите температури, но неговото делување во текот на топлите денови е многу добро. Ѓумбирот помага во регулирање на телесната температура.

Состојки и подготовка:

– 1 литар минерална вода ;
– свеж сок од лимета;
– 30 грама изрендан ѓумбир;
– 1/3 шолја исецкана мента;
– 1 лажица мед.

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Доколку парчињата зеленчук на крајот ви пречат тогаш може да ја исцедите течноста, а потоа ставете ја во фрижидер.