Бубе Јаневска решена да стигне до целта: Македонската водителка ги покажа новите резултати од слабеењето

786

Македонската водителка Бубе Јаневска пред повеќе од еден месец откри дека откако пробала разни диети за слабеење и се откажала, сега започнала да работи со програма на нутриционист.

Тогаш на социјалните мрежи таа сподели фотографија истакнувајќи дека по фотките се уште можеби не се познава, но дека за еден месец успеала да ослаби 4 килограми.

Бубе истакна дека ќе продолжи со целта својата линија да доведе до совршенство.

Водителката сега на социјалните мрежи повторно се пофали од резултатот од слабеењето потенцирајќи дека овој пат и на фотографии може да се забележи разлика во килограмите.

„Пред месец и нешто напишав дека на фотографиите нема да забележите драстична разлика, освен бројките што покажуваат намалување во обем. Е сега… и фотките си покажуваат, нели? А богами и мојата гардероба што веќе на подолго време ја испратив во зимски сон и се откажав од неа. Многу омилени парчиња повторно можам да ги облечам јухууу… Сега веќе нема затскривање зад некого и нешто, нема барање идеална поза при сликање за да се скрие вишокот килограми… Тие сами си отидоа Не можеа веќе со Емилија Спасовска Мојсовска и нејзината програма.
Ако баш ве интересираат бројките 69.6 на 2 јуни, 62.5 на 22 август (признавам на одморот од 15 дена ,,фаќав,, кривини со исхрана ама тоа не смени ништо“, напиша водителката во описот на фотографијата.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Инаку, во последно време многу јавни личности се хранат според програмата на нутриционист,  а меѓу нив се и Тијана Дапчевиќ, Јелена Карлеуша, Ана Бекута, Марија Шерифовиќ….