Будењето во одреден период од ноќта открива многу работи за вас

1200

Будењето во текот на ноќта е тесно поврзано со душевната и физичката состојба на човекот, а времето во кое тоа се случува открива за какви проблеми станува збор. Погледнете на часовникот и ќе дознаете што не е во ред со вашето тело и вашите емоции.

Традиционалната кинеска медицина и тоа како им посветува внимание на овие работи.

Откријте во кој период од ноќта најчесто се будите и дознајте што тоа значи:

21:00 до 23:00 часот

Ако имате проблеми со спиењето во овој дел од ноќта, можеби сте под стрес и ве мачат настани кои сте ги поминале тој ден или пак, ве измачува она што ве очекува утре. Ова го попречува протокот на енергија. До блокада на енергија може да дојде и ако не се храните здраво или јадете премногу доцна.

23:00 до 1:00

Будењето во овој период укажува на тоа дека нешто ве мачи, односно дека не ви е сеедно поради нешто. Можеби станува збор за нешто што сте кажале, што сте направиле, или нешто што требало да направите. Ова е времето кога јин енергијата се претвора во јанг. Според древното кинеско верување, јин симболизира женски аспект (негативност, темнина, влага, ноќ и добрите страни на се околу нас), а јанг го претставува машкиот аспект (позитивност, ведрина, цврстина, сувост, ден и доминантни аспекти). Будењето во овој дел од ноќта може да укаже и на тоа дека консумирате премногу нездрави масти.

1:00 до 3:00

Ако најчесто се будите во ова време, веројатно сте лути и фрустрирани, односно преполни сте со негативна енергија во текот на денот, па тоа се одразува и на спиењето. Секако дека би морале да се опуштите, бидејќи тоа им штети на процесите кои се одвиваат во вашето тело. Овој период од ноќта е многу важен за телото, бидејќи тогаш најактивно се исфрлуваат токсините. Црниот дроб испушта отрови, а создава молекули важни за системот на варење. Ако нешто не е во ред со црниот дроб, тогаш ќе се будите во овој дел од ноќта.

3:00 до 5:00

Тагата и болката се причини за будење во овој дел од ноќта, доколку го гледаме духовниот аспект од животот. Од физички причини, возможно е да ви биде ладно додека спиете, па процесите во телото нема да можат да се одвиваат правилно. Исто така, будењето во ова време може да укаже на проблеми со белите дробови и недоволно внесување на кислород во организмот.

5:00 до 7:00

Во овој период најактивно е дебелото црево, а токсините кои во текот на ноќта се филтрираат и разградуваат, сега полека излегуваат од телото. Будењето во овој период може да значи дека сте јаделе премногу доцна, или имате навика да јадете лоша и нездрава храна преполна со најразлични штетни состојки.