Андријана Будимир пред две децении со Кометал Ѓорче Петров испиша историја во Лигата на шампионите, а сега испишува една поинаква историја како селектор на машка репрезентација.
Ракометарката Андријана Будимир борец на теренит, борец во животот. Сите ја паметиме како последната девојка на нашата легенда Тоше Проески, а јавноста уште тогаш беше свесна за нејзината загуба и колку тешко и падна неговото заминување, но собра храброст и продолжи понатаму. Таа по неколку години се омажи со познатиот угостител Јохан и на свет го донесе своето прво дете, а токму тоа е нејзината најголема битка моментално. Нејзиниот син, дете со попреченост.
Таа раскажува дека на часовите по физичко образование нејзиниот син е исклучен затоа што професор не може истовремено да работи со 35 деца од одделението и да посвети време на дете со попреченост. Затоа, смета дека, мора да има посебен професор кој ќе работи со овие деца.
„Кога некој има роденден, освен што носат крем бананчиња за сите деца, носат и банана за мојот син, за да знае дека и тој е дел од роденденот“,раскажува Будимир споделувајќи го своето искуство на дебатата која беше организирана во Општина Карпош.