Бугарија испрати протестна нота до македонската амбасада во Софија

461

Министерството за надворешни работи на Бугарија, му врачи протесна нота на привремениот шеф на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крстевски по повод случај за заменет бугарски споменик на македонска територија.

Директорката на директоратот за Југоисточна Европа при МНР, Вања Андреева го известила претставникот на Северна Македонија во Бугарија дека бугарската дипломатска мисија утврдила дека во дворот на црквата во прилепското село Клепач, споменик подигнат во чест на војводата Велко Скочивирчето и оссумина негови војници, кои загинале во битка со османлиските групи во 1904 година, бил заменет.

Црквата во селото Клепач каде што се наоѓал бугарскиот споменик

Утврдено било дека оригиналниот напис кој бил на бугарски јазик бил заменет, а цели делови од текстоти биле отстранети и некои од имињата од убиените војници биле сменети.

Бугарската страна инстистира на превземање на дејствија на налдежните органи на наоѓање и враќање на оригиналниот споменик, велат од бугарското МНР.