Бугарите не молчат: Илјадници луѓе излегоа на улица, се блокираат патиштата поради поскапувањето на горивото!

847

Илјадници граѓани на соседна Бугарија деновиве ги блокираа важните сообраќајници и патишта ширум земјата во знак на протест против зголемувањето на цената на горивата, воведувањето на повисоки даноци за старите автомобили и поскапувањето на осигурувањето на автомобилите.

Повеќе од 2 илјади луѓе вчера маршираа низ центарот на бугарскиот град Софија извикувајќи „мафија“ и „ѓубриња“, исфрустрирани од порастот на животните трошоци во најсиромашната земја членка на Европската унија.

Протестите беа одржани во повеќе од 20 градови ширум Бугарија, при што возачите со часови ги блокираа патиштата, вклучувајќи ги и патиштата кои што водат кон Грција. Некои бараат и оставка на коалициската влада на премиерот Бојко Борисов.

Цените на горивата, слично како и во Македонија, во соседна Бугарија драстично пораснаа во текот на минатиот месец. Одлуката на владата да го зголеми данокот на старите автомобили кои што се поголеми загадувачи, ги разгневни луѓето во Бугарија каде што просечната месечна плата изнесува 575 евра и е меѓу најниските во Европската унија.

Опозициските Социјалисти го осудија овој потег на бугарската влада и велат дека мерките ќе ги погодат сопствениците на околу 2 милиони стари автомобили кои што претежно припаѓаат на сиромашната класа на граѓани во 7 милионската Бугарија.