Бугарска легенда: Мачно ми е, видете каде играат Македонците, а каде нашите!

514

Една од најголемите бугарски легенди Јордан Лечков, членот на „златната генерација“, која на Мундијалот во САД во 1994 година стигна со Бугарија до четвртото место, ја прокоментира апатијата во бугарскиот фудбал која трае со години, а во последно време националниот тим е ужасен, па не пропушти шанса да го спореди фудбалот кај источниот сосед со Македонија.

Лечков, кој е долгогодишен потпретседател на бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), го прокоментира новиот пораз на Бугарија, синоќа од Финска со 0-2, но направи споредба со Македонија.

„Јас уште пред десет години реков дека треба да си го погледнеме националното првенство, да ги видиме мечевите среда-сабота и да бидиме кои Бугари играат тогаш. Видете ја Македонија, но не ја земам за пример зашто сега се пласираа на Европското првенство, туку како пример каде македонските фудбалери играат, а каде нашите. Мачно ми е, треба да имаме силна лига, ама и сѐ помалку младите имаат желба за спорт и сите сме виновни, дали јас, дали вие.. – тоа е. Можеби во минатото сме се радувале, сме ја качувале летвичката нагоре, ама не да се враќаме толку назад“, вели Лечков.

Интересно, Бугарија во последниве неколку години има ужасно лоши резултати, а на клупски план годинава има два тима во групите во Лига Европа, ЦСКА Софија и Лудогорец, но очигледно преголемиот наплив и на странци веројатно игра улога, но пред сѐ големите проблеми со криминалот и корупцијата со кои фудбалот кај источниот сосед не може да се справи.