Двајца пилоти загинаа, а еден член на екипажот е повреден кога бугарски воен хеликоптер се урна во воздухопловната база кај бугарскиот град Пловдив, соопшти Министерството за одбрана.
Хеликоптерот од руско производство „ми-17“ летал 50-ина метри над базата Крумово кога се урнал околу 20.30 часот по локално време, се наведува во соопштението, со напомена дека истрагата за инцидентот е во тек.