БУЈАР ОСМАНИ: Ве молам погледнете го видеото како се пренесува вирусот на заеднички ручек

1029

Вицепремиерот и шеф на владиниот кризен штаб, Бујар Османи, во обид да ги натера граѓаните сериозно да разберат дека корона вирусот многу лесно се пренесува при семејни ручеци и вечери по втор пат сподели видео на својот профил на Фејсбук.

-По втор пат го објавувам ова видео. Како за 30 минути се пренесува вирусот кај сите присутни на заеднички ручек или вечера.
Ве молам погледнете го, пишува Османи во објавата.