Размрдајте го неделното мени со вкусни и здрави бургери во кои ќе го замените месото со смеса од леќа и печурки.
Леќата спаѓа во групата суперхрана – во 1 шолја леќа (околу 250 грама) има 40 грама јаглехидрати, помалку од 1 грам масти, 16 грама растителни влакна, 230 калории. Во 100 грама варена леќа има 3,3 мг железо и 36 мг магнезиум.
Печурките се одличен избор на здрава храна, имаат малку калории, а содржат растителни влакна, бакар, калиум, магнезиум, цинк, витамини од Б групата и фолна киселина. Исто така се богати со антиоксиданси како селен, кои го прочистуваат организмот и спречуваат воспаленија.