Цеца ќе стане баба: Вељко и Богдана го очекуваат првото дете

977

Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ ќе стане баба.

Според пишувањата на српските медиуми, нејзиниот син Вељко и снаата Богдана го очекуваат нивното прво дете. Свршеницата на Вељко, Богдана наводно е во вториот месец од бременоста. Среќната вест засега тие ја споделиле само во најтесниот круг на семејството, а сите биле пресреќни дека наскоро во фамилијата ќе има принова.

Богдана Родиќ е поранешна кошара за која не се знае точно колку всушност била успешен спортист. Богдана во 2013 година била дел од јуниорска репрезентација на Србија, која во Вуковар ќе го освои бронзениот медал на Европското првенство. 2015 година била дел од тимот на екипата Радивоје Кораќ, која ја освои титулата шампион на Србија во кошарка. Тааа година, Богдана со истата екипа била и вицешампион на Регионалната лига и финалист на купот „Милан Цига Васојевиќ“. Низ кариерата се здобила со две сериозни повреди на коленото, но тоа не ја спречило да се врати како победник, носејќи го дресот со бројот 17 – пренесуваат српските медиуми.

Сепак и покрај сите освои титули и добри изгледи далеку да дотурка во кошарката, Богдана одненадеж во  2015 година ќе одлучи дека не сака повеќе да се занимава со спорт. Причината остана  нејзина тајна… засекогаш!