Цеца купи нов автомобил кој чини колку три стана во Белград: Во цела Србија ги има само три (ФОТО+ВИДЕО)

1034

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна се почести со нов автомобил, а сега беше снимена за прв пат како се вози во него низ Белград.

Сега Цеца е сопственик на најновиот модел на БМВ кој го додаде во својата автомобилска флота, чија цена изнесува над 140.000 евра. Она што е интересно е дека досега има само три вакви автомобили во Србија, од кои едниот од неодамна е нејзин.

Пејачката избрала модел во бела боја, а екипата на шоуто „Папарацо лов“ ја „улови“ додека се возеше со своето ново „милениче“.

Цеца беше во друштво на својот фризер, облечена во кежуал комбинација од бела облека. Откако  посетиле еден познат  фризерски салон, фолк sвездата се вратила во нејзиниот дом на Дедиње.