Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ја раскинаа врската: „Веќе не сме заедно!“

580

Кон средината на јануари минатата година во јавноста излезе вест дека Цеца Ражнатовиќ и белградскиот угостител Богдан Срејовиќ се во врска.

Од тој момент двојката беше неразделна и заедно минуваа многу време. Се стекна впечаток на целокупна хармонија, но и семеен близок однос на двете страни.

Сепак, денес како гром од ведро небо одекна веста дека раскинале и веќе не се заедно.По тој повод, екс парот откри:

„Веќе не сме во врска , но ќе бидеме пријатели до крајот на животот!

Причината за раскинување не сакаа да ја откријат.