Цеца Ражнатовиќ позитивна на коронавирусот: Во семејството има и други членови кај кои е потврден вирусот! (ФОТО)

6309

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.

Како што откриваат блиски извори до фолк дивата, вчера и бил направен тест преку крв, кој покажал дека е негативна. Дека тоа се случи потврди и самата Цеца, откако ја сподели информацијата преку стори на нејзиниот инстаграм-профил.

Меѓутоа, Цеца и нејзиното семејство сепак одлучиле да се тестираат и со PCR тестови, кои се прават така што се зема брис од грлото и носот.

Резултатот покажал дека Цеца сепак е позитивна на коронавирусот. Коронавирусот е потврден и кај нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ. Се претпоставува дека и други членови од фамилијата се заразени, но тоа се уште не е потврдено.

Богдана, Вељко и Цеца / Фотографија: Damir Dervišagić

Цеца се чувствува добро, а таа не се тестирала поради симптоми, туку откако се дозна дека била во контакт со заразена личност која била гостинка на нивната прослава минатата недела, по повод раѓањето на синот на Вељко и Богдана.

Од прославата се споделуваа многу видеа, на кои можеше да се воочи дека не се одржува никаква физичка дистанца, ниту пак маски на присутните.