Цеца: „Снаата ми е опасна, го заведе Вељко“

695

Бидејќи до свадбата на наследникот на Цеца РажнатовиќВељко, и младата Богдана Родиќ останува уште една недела, семејството на популарната пејачка на големо се подготвува за големата веселба.

Немав време да помогнам во подготовките на моминската вечер на Богдана, но совршено ја организираа нејзините сестри, другарки, кумата и Анастасија. Бев поканета да присуствувам, но не можев да отидам. Искрено, сè уште не знам како си поминале девојките бидејќи ниту една од нив не стаса да ми раскаже. Јас сум цел ден зафатена бидејќи размислувам само за свадбата и сега му помагам на Вељко во подготвувањето на неговата ергенска вечер, која ќе биде утре. Темпото ми е турбо, особено бидејќи станувам во шест наутро, а доцна си легнувам затоа што навечер настапувам“, истакна Цеца за еден весник, и смеејќи се додаде:

Опасна ми е снаата, го заведе Вељко, но јас не се мешам во тоа, туку смеам само да се пошегувам и да кажам дека секој автобус има последна станица.“