Манекенката Цеце Орешкова стана мајка. Среќната вест за приновата ја објави на Фејсбук каде откри дека родила ќерка.
Инаку, Цеце минатата недела објави и фотки од последната фотосесија на која позира со трудничкото стомаче заедно со својот сопруг Кристијан кој исто така е манекен, а на дел од фотките друштво им прави и нивниот коњ.
Парот се венча пред две години, а претходно беа четири години во врска.