Цел стадион на нозе – деби со гол на Дани Алвеш (видео)

715

Дани Алвеш предизвика вистинска лудница на стадионот „Морумби“ откако дебито за Сао Паоло го круниса со својот прв погодок во дресот на бразилскиот клуб, гол за победа на дуелот со Сеара (1-0).

Поранешниот ас на Барса, Јувентус и ПСЖ настапи на нова позиција, во средниот ред на бразилскиот клуб и одлично се снајде при првата шанса во која се најде, сместувајќи ја топката во мрежата на воодушевување на над 50.000 домашни навивачи.