Вработена е во Белата куќа каде работи како советник на претседателот, односно на својот татко Доналд Трамп, а сега ќе мора да најде нова работа, наведува “Guardian”.
Пред моменталното вработување, го надгледувала развојот на компанијата на својот татко за недвижнини, “Trump Organization”, и имала сопствена модна линија.
Исто така се појавила како судија во одборот на реалното шоу на својот татко Доналд.

Но, нејзината улога во Белата куќа и фактот дека практично целата нејзина професионална историја е поврзана со нејзиниот татко, го наметнува прашањето: Што ќе работи сега?
Иако Иванка веројатно би можела да се врати во “Trump Organization”, тоа можеби и нема да биде најстабилното работно место кога нејзиниот татко ќе ја напушти функцијата, пишува “Guardian”.

Окружното обвинителство на Менхетн ги истражува даночните пријави на Трамп во “сложена финансиска истрага” за неговата организација.
Сепак, постојат гласини кои тврдат дека Иванка Трамп ја чекаат некои деловни можности.
Списанието “OK” пишува дека семејството Трамп добило “многу ријалити ТВ понуди” и пред да завршат изборите – а дека Иванка била посебно барана.

