Камбоџа денеска, после повеќе од една година од почетокот на пандемијата на коронавирусот, го пријави првиот смртен случај како последица на инфекција со вирусот.
Како што соопштија од Министерството за здравство, станува збор за 50-годишен маж кој бил заразен во текот на минатиот месец додека работел како возач за една кинеска компанија.
Камбоџа досега пријави само 1,163 случаи на коронавирус, но моментално се бори со локално жариште на вирусот поради кое се заразија стотина луѓе.

Од министерството за здравство на оваа азиска земја соопштија дека избивањето на новото жариште е поврзано со странски државјанин кој ги прекршил карантинските мерки и посетил ноќен клуб кон средината на февруари.
Поради тоа, владата на 20-ти февруари на две недели ги затвори сите училишта, кино сали, барови и објекти од забавен карактер, а таа мерка подоцна беше продолжена на уште две недели.