Центри во Штип, Битола и Тетово: ВМРО-ДПМНЕ не е за нов клинички во Скопје

471

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ рече дека реформски закони, закони за проекти како оној за изградба на клинички центар мора да се производ од дијалог.

Мора да има дијалог. Предлогот за нов клинички е прилично несериозен предлог од страна на Филипче затоа што се знае како функционираат тие работи, односно како се носат закони и врз основа на што се градат градби. Вие не може да кажете дека сакате клинички центар и ќе процените дека ќе чини пола милијарда евра и да фрлите на маса три лиса хартија со седум члена, а притоа сте влада која Транспарентност е најкорумпирана и најкриминална на Балкан и да очекувате опозицијата да ве поддржи –  рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека концептот на партијата е поинаков.

Планираме интервенции на кампусот клиники Мајка Тереза, да се изгради уште една зграда пред Болницата Жан Митрев и која би била поврзана со ГОБ 8-ми Септември кој би прераснал во Ургентен и да се изградат универзитетски клиники Штип, Тетово и Битола и да имаме дисперзиран систем за да одговори на потребите на сите граѓани – рече Мицкоски.