Чадот од пожарите кои го опустошија американскиот Запад премина преку целата територија на Соединетите Американски Држави и стигна до источниот брег, односно „патуваше“ дури 4 илјади километри.
Чадот кој би требало да остане на висина од 4,5 до 6 илјади метри над Њујорк, полека го замагли небото над „Големото Јаболко“.
Поради високиот притисок чадот со денови стоеше над западниот брег, поточно над американската сојузна држава Калифорнија каде се најактивни шумските пожари во изминатиот период. Меѓутоа, од понеделникот силните воздушни струи го однесоа кон исток.
Поради тоа, воздухот е доста загаден во повеќе градови како Ванкувер во Канада, Портланд во Орегон и Сан Франциско во Калифорнија. Американските метеоролози предвидуваат чадот да се расчисти за најмногу еден ден, а квалитетот на воздухот во Њујорк не е значајно влошен.