Часовникот на Музеј на град Скопје е еден час понапред, никој не знае зошто!

2190

Поместени се стрелките на часовникот на Музејот на град Скопје, кои престаа да работат по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963. Наместо 5.17 часот, стрелките на часовникот сега покажуваат 6.17 часот. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека забележале оти стрелките се поместени деновиве додека работеле на поставување на буквите од пораката за солидарност на Јосип Броз Тито, во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофата.

-Не знаеме кога се поместиле стрелките. Најверојатно тоа е од последниот земјотрес што се случи пред две години, но никој досега не приметил. Попладневно екипи ќе излезат на терен и ќе ги поправат односно ќе го вратат времето 5.17 часот, кога тие престанале да работат, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.